Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на загинати во нападот врз Киев се искачи на 21 лице

/

пред 487 дена

Сподели преку :

Во еден од најмасовните и најжестоки напади од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, руските сили извршија деветчасовен воздушен напад врз украинската престолнина Киев, при што загинаа најмалку 21 лице, а повредени се 134.

Според украинските служби за итни случаи, нападот бил насочен кон 27 различни локации во градот. Во офанзивата биле употребени дури 440 дронови и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најобемните досега.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „еден од најстрашните“ и повика на поголема меѓународна поддршка за одбраната на Украина.

Министерот за внатрешни работи Игор Клименко потврди дека таргетите биле претежно цивилна и критична инфраструктура, а пожарните и спасувачките служби работеле под тешки услови на терен.