Бројот на жртви од пожарот што избувна во пензионерски дом во Тузла се искачи на 12, откако уште едно лице им подлегна на повредите во Универзитетскиот клинички центар. Во пожарот се повредени 35 лица, меѓу кои и пожарникари и полицајци, а четворица од нив се во тешка состојба и приклучени на механичка вентилација. Владата на Тузланскиот Кантон денешниот ден го прогласи за ден на жалост поради трагичниот настан. По трагедијата, директорот на домот Мирсад Бакаловиќ поднесе оставка, истакнувајќи дека вработените направиле сè што можеле за да ги спасат штитениците. Меѓувреме, надлежните органи најавија истрага за причините за пожарот, а властите на сите нивоа најавија мерки за подобрување на условите во установите за згрижување на стари лица.











