Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на жртви во полициските операции во бразилските фавели се искачи на 121

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Најмалку 121 лице е убиено во големата полициска операција против криминалната група за трговија со дрога во Рио де Жанеиро. Полициската операција почна на 28 октомври во две сиромашни населби во Рио де Жанеиро, при што дојде до престрелка со криминалците.

Според локалните власти во судирите загинале четворица полицајци, а бројот на повредени е непознат.

Полицијата соопшти дека операцијата е спроведена по едногодишна истрага за криминалната група „Црвени командоси“, која ја контролира трговијата со дрога и други нелегални активности во фавелите. „Црвени командоси“ е формирана во затворите во Рио де Жанеиро и изминатите години го проширила своето влијание.

За време на операцијата се уапсени 113 луѓе, запленети се 118 парчиња оружје и конфискуван над еден тон дрога.

Поради судирите помеѓу полицијата и криминалците улиците во фавелите беа блокирани, училиштата беа затворени, а локалниот Универзитет ја откажа наставата.

Полициската операција предизвика протести и обвинувања за употреба на прекумерна сила, како и барања за оставка на директорот на полицијата во Рио де Жанеиро.