Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Бројот на жртвите од поплавата во Дерна, Либија се искачи на повеќе од 11.300

/

пред 1142 дена

Сподели преку :

Бројот на жртви што зад себе ги остави медитеранската бура Даниел предизвикувајќи разорни поплави, само во градот Дерна се искачи на над 11.300.

Водата од двете брани кои не успеаа да го издржат притисокот поради обилните врнежи однесе цели населби.

Напорите во потрага по преживеани продолжуваат соопшти либиската Црвена полумесечина.

Снимката направени со беспилотно летало, на либиската телевизија Ал Масар, го покажа обемот на уништување.

Поради силата на ударниот бран уништени се огромен број куќи и згради, а купишта автомобили останаа натрупани еден врз друг.