Предлог буџетот е во собраниска расправа, а наместо за аерозагадување, пари се предвидени за комунална инфраструктура, изградба на водовод и фекални канализации, нешто што општините треба да го реализираат, велат од „О2 иницијатива“.
Додаваат дека ова е прва година во која навреме не поднеле предлози за измени на буџетот за 2025 година во областа на животна средина, поради тоа што никој од пратениците не ги известил порано.
Кога сами увиделе, велат, рокот за поднесување на амандмани веќе бил изминат. Сепак, поднеле предлози за измена за кои се надеваат дека ќе се предложат и усвојат како комисиски предлози на комисијата за финансирање и буџет.











