Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Будимпешта позајмила една милијарда евра од кинески банки на 19 април, објави унгарската Агенција за управување со државниот долг

/

пред 808 дена

Сподели преку :

Унгарија во првата половина на годината позајми една милијарда евра (1,1 милијарда долари) од кинески банки, бидејќи земјата-членка на ЕУ се соочува со тешка финансиска ситуација, објави денеска Агенцијата за управување со државниот долг, пренесува агенцијата АФП.

Владата во Будимпшета не го објави договорот, но тоа го стори локалниот портал Портофолио, специјализиран за економски вести, врз основа на јавно достапни податоци.

Официјална Будимпешта подигна тригодишен заем со променлива каматна стапка од кинеските банки на 19 април, покажуваат податоците на веб-страницата на Агенцијата за управување со државниот долг на Унгарија.

„Со договорот за заем од една милијарда евра со кинеската банка за развој, банката за извоз и увоз на Кина и унгарската филијала на Банката на Кина Лимитед, ќе се финансира развојот на инфраструктурата и енергијата, меѓу другите проекти“, изјавија извори од агенцијата за АФП.

Задолжувањето на Унгарија дојде само осум дена откако владата објави дека одложува значителен обем на јавни инвестиции во услови на слаб раст и дека ги задржува средствата од ЕУ.

Брисел замрзна околу 20 милијарди евра од фондовите на ЕУ поради отстапувањето на централноевропската земја во однос на стандардите на блокот.

Дефицитот на Унгарија сега изнесува 4,5 отсто од БДП, над границата од три отсто на блокот.

Пред 10-тина беше објавено дека Унгарија е државата од која Македонија, согласно договор „влада со влада“, ќе добие една милијарда евра – од кои половина милијарда се планирани за оваа година, а уште 500 милиони се најавени за 2025 година.