Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Буџет за спас од кризата или буџет за уште поголема криза? Експертите и опозицијата со дилеми како ќе се применат нови даночни реформи

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

Рекордниот Буџет оптоварен со 1,5 милијарди евра долгови ја бранува експертската јавност. Ресорниот министер го нарече „буџет за спас на кризата“, дел од експертите со сомнеж дека вака проектиран може да предизвика уште поголеми финансиски проблеми. Најавениот елемент, новата даночна реформа на која се темелат приходите остана во магла и недоречености, а експертите стравуваат дека овие политики треба да бидат насочени кон сивата економија за да не предизвикаат обратен ефект кај фирмите.

„Прибирањето на приходите, ако продолжи трендот на висока инфлација, веројатно ќе го помогне нивното собирање, но поголеми ефекти би имало ако навистина се прибираат приходи од сегментот на сива економија, односно ако се спроведуваат политики и мерки за опфат на неоданочените економски субјекти и граѓани. Зголемувањето на даночниот товар би имало ефект на истиснување во однос на регуларните даночни обврзници“, констатира даночниот експерт, Гацов во елаборацијата за претстојниот буџет

Вистинско стабилизирање на економијата, инфлацијата и енергетската криза е можно со намалување на политичките и безбедносни турбуленции на Европскиот континент. Засега вакво стабилизирање не е на повидок. Истот така, според Гацов, 2023 година ќе биде година на нови задолжувања, странски, но и домашни, пред сè, заради враќање на старите долгови, енергетската криза, но и заради најавените капитални проекти што треба да се финансираат од Буџетот.

Трендот на зголемување на каматните стапки и високиот износ на дефицит што треба да биде финансиран со задолжување ќе влијаат врз зголемување на каматните стапки на долгот. Проблем, понатаму, се и капиталните инвестиции, кои секоја буџетска година се најавуваат како мерка за спас на економијата.

„И во овој Буџет, проектираните капитални расходи се преамбициозни и на терен неостварливи. Веројатно и овој пат истите ќе се кратат заради потребата од врамнотежување на Буџетот во текот на 2023 година. Впрочем, во минатото кратењето на планираните капитални расходи постојано било практикувано“ нотира Гацов.

Планираниот раст на економијата главно ќе се темели на инфлационата магија, а не на вистински економски подобрувања, заклучува Гацов. Со остра критика за највениот буџет се огласи и лидерот на опозицијата.

Пет милијарди и 300 милиони евра, раст на капиталните инвестиции, но со преполовен економски раст од 2,9 отсто и проекции за пад на инфлацијата, но и рекорден долг од 1,5 милијарди евра. Вака ќе изгледа новиот буџет, со пропратно најавена даночна реформа.

Павле Беловски