Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бујар Османи на ФБ: Пад од два проценти во вработувањата на Албанците во државните институции

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Пропагандната изјава дека „повеќе Албанци се вработени оваа година отколку во најдобрите години на владеењето на ДУИ во последните 20 години, „тоа е најголемата лага на годината“, напиша на својот Фејсбук профил заменик-претседателот на Демократската унија за интеграција и екс-министер за надворешни.
– Официјалните податоци покажуваат дека годинава имаме најголем пад на застапеноста на Албанците во државните институции во последните децении, односно намалување за скоро 2%, што претставува јаз од 4.000-5000 во вработувањето на мнозинската заедница, напиша Османи.
Тој посочува и една споредба, според која за време на владеењето на ДУИ, на годишно ниво бројот на вработени растел за 1.500 – 2.000 Албанци, не само во една институција, туку во целата јавна администрација.
Заклучува дека денес има пропаганда, а не напредок.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и револт поради одлуката на актуелната влада ВМРО–ВРЕДИ да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во Клиничката болница во Тетово – професионалистки, мајки и столбови на стотици семејства, кои со години посветено им служат на пациентите и на јавното здравство на државата.

Неприфатливо е во држава што стреми кон членство во Европската Унија, со еден потпис да бидат исклучени 155 мајки и сестри, како резултат на затворен, партиски и слеп пристап кон општествената реалност. ДУИ бара итно повлекување на оваа одлука и враќање на медицинските сестри на нивните работни места, со постојан работен однос.