ДУИ определи дел од кандидати за градоначалници, ќе настапат заедно со партиите од Европски совет. Од ДУИ ќе бидат кандидатите за Чаир-Бујар Османи и Тетово -Бајрам Реџепи. Алијанса за Албанците на Села и Таравари ќе предложат нивни кандидати за други градови.
На денешната седницата на Централното претседателство, Демократската унија за интеграција утврди дека со другите партии од коалицијата Европски Фронт ќе понудат заедно кандидати за градоначалници и носители на листи за советници на претстојните локални избори. Партијата денес определи неколкумина кандидати од нивните редови.
„Иден градоначалник на Општина Чаир ќе биде д-р Бујар Османи, иден градоначалника на општина Тетово ќе биде Бајрам Реџепи, за Желино Емир Сулејмани, носител на листа во Општина Гостивар ќе биде Валдет Џафери, носитител на листата во Општина Струга ќе биде Фатон Положани“ изјави Арбр Адеми.
На седницата се согласиле во кои градови ќе имаа кандидати и од другите партии кои се дел од Европскиот фронт. За нешто повеќе од десет општини, имињата ќе се договорат наредните денови.
„Од Алијанса за Албанците од Зијадин Села ќе добиеме предлог за кандидат за градоначалник во општина Струга, Дебар и Арачиново. Од АА на Таравари ќе имаме предлог во општините Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај“ додаде Арбр Адеми.
На состанокот генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети е избран за шеф на централниот изборен штаб.
Александар Самарџиев











