Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бурнам победи на изборите во Велика Британија и го засили притисокот врз Стармер

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Анди Бурнам убедливо победи на дополнителните парламентарни избори во изборната единица Мејкерфилд, освојувајќи речиси 25.000 гласови и предност од повеќе од 9.000 гласа пред кандидатот на Реформа за Велика Британија. Победата го враќа Барнам во британскиот парламент и го отвора патот за можна кандидатура за лидер на Лануристичката партија.

Во победничкиот говор тој порача дека британската политика не функционира и оцени дека изборниот резултат може да биде пресвртница. Испрати и предупредување до лабуристите, наведувајќи дека партијата има „последна шанса за промена“ и дека нема да има втора можност доколку не одговори на барањата на гласачите.

Победата дополнително го зголеми притисокот врз премиерот Кир Стармер, кој претходно изјави дека ќе се спротивстави на секој обид за лидерски предизвик. Политичките аналитичари оценуваат дека убедливиот резултат на Барнам ќе поттикне интензивни разговори во редовите на Лабуристичката партија за нејзината иднина и раководство.