Цената на златото на светските берзи урива рекорди. Златото не е само благороден материјал, тоа е и магија, емоција, љубов и предвидувањата се дека цената ќе продолжи да расте, вели Неџмедин Буши од златарска секција при Занаетчиска комора на Скопје.
Според него, а имајќи го предвид менталитетот на граѓаните, во кризни времиња се купува злато, а не се продава никогаш, освен во случаи на итност.











