Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Царината ги проверува фактурите на увозниците на пелети

/

пред 1415 дена

Сподели преку :

Можните финансиски малверзации со фактурите при увоз кои ги доставуваат фирмите увозници на пелети веќе ги испитува Царината откако вчера тоа од нив го побара министерот за економија Крешник Белтеши.

Од Царинската управа, за Телма соопштија дека, фактурите доставени при увоз се проверуваат веќе три месеци и се препраќаат до царинските администрации на државите од каде е пријавен увозот за да се  потврди веродостојноста на сума. Оттаму додаваат дека процедурата трае и затоа сè уште чекаат на повратни информации.

Министерот за економија, Бечетеши вчера соопшти дека фирмите увозници ги пумпаат цените во фактурите при увоз на пелети и врз основа на тие фактура тврдат дека цената од 27 денари по килограм, која ја одреди Владата како максимална не им одговара. Покрај царината, Бектеши побара во истрагата дас се вклучи и УЈП.

Огнен Чанчаревиќ