Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чадењето од депонијата „Дрисла“ значително намалено, затрупувањето продолжува утре

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Чадењето од депонијата „Дрисла“, присутна по пожарот што избувна пред неколку дена е значително намалено, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, која сеуште чади но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден, вели Ангелов во пишана изјава.

Најавува дека затрупувањето продолжува и утре, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.