Во градот Мо, на околу 40 километри североисточно од Париз полицијата пронајде пет тела. Жртвите се мајка и нејзините четири деца, а биле пронајдени во нивниот дом.
Полицијата трага по 33-годишниот татко кој е „во бегство“, откако прв објавил за убиството.
Обвинителот Жан Батист Бладиер за француските медиуми потврди дека судската полициска служба на Версај ја води истрагата.
Неодамна во Париз и околината се случија серија чедоморства.
На крајот на ноември 41-годишен маж и се предал на полицијата и признал дека убил три ќерки на возраст од четири до 11 години.
Полицијата ги пронашла телата во неговиот дом во Алфорвил, југоисточно предградие на главниот град.
Претходно, во октомври, полицаец уби три ќерки, а потоа и себеси во куќа во населбата Вемарс, северно од Париз.











