Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања, со што официјално почнува членството на Македонија во Единствената област за плаќање во евра, СЕПА. Од 6 октомври 2025 година, овие банки ќе започнат со извршување кредитни трансфери во рамките на СЕПА, а се очекува и останатите осум банки кои најавија поднесување барања во текот на летото, да почнат да работат во оваа шема до истиот датум.

Членството во СЕПА овозможува побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема финансиска интеграција со Европската унија. Ова носи значајни придобивки за граѓаните и компаниите во земјата, овозможувајќи им полесно и поевтино извршување на електронски трансакции со 41 земја членка на СЕПА.

Народната банка на Република Северна Македонија ја координираше оваа интеграција и останува посветена на процесот, редовно информирајќи ја јавноста за напредокот. Членството во СЕПА е уште еден важен чекор на патот кон евроинтеграција и членство во Европската унија.