Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица осомничени во „Феникс“ во притвор, двајца во домашен, а еден во бегство

/

пред 1207 дена

Сподели преку :

Ова се првите зборови на екс градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ по неколку часовен распит кај судија на претходна постапка. Обвинителството побара затворски, а судот му одреди куќен притвор од 30 дена. Тодоровиќ и уште едно лице, осомничени во истрагата под кодно име Феникс, добија домашен притвор, а поранешниот претседател на советот на општина Центар Владимир Здравев и уште три лица затворски притвор.

Еден од осомничените во истиот случај е во бегство, но за него сѐ уште не е издадена наредба за потерница.

Осомничени се за перење пари и злоупотреба на службената положба и овластување, за леење на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Во случајот Феникс осомничени се експремиерот Никола Груевски, второосомничен е поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, а третоосомничена е Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура.

Но, спомениците биле со лажно потекло. Наводно во Италија, се лееле во овдешни подруми и работилници, а три италијански фирми издавале дебели фактури. Потоа, на парите им се губи трага.

Според претходни пишувања на порталот Призма, станува збор за италијанските фирми „Пјетро Базанти“, „Фондериа Артистика Гуастини“ и „Фондериа Маринели“. Обемна и комплексна истрага за најскапиот државен зафат од 57 милиони евра се уште трае, а обвинителите се обидуваат да докажат каде завршиле испраните пари.

Симона Петровска