Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица астронаути од САД, Јапонија и Русија полетаа кон вселенската станица

/

пред 428 дена

Сподели преку :

По речиси една година одложувања поради проблемите со вселенското летало Старлајнер на „Боинг“, четворица астронаути конечно полетаа кон Меѓународната вселенска станица, користејќи го леталото на компанијата „Спејс Х“.

Екипажот кој тргна на мисија е составен од четворица астронаути од САД, Јапонија и Русија. Предвидено е тие да останат најмалку шест месеци, со цел да ги заменат нивните колеги кои беа испратени во март како привремена замена за американските астронаути кои беа претходно заглавени.

Во услови на намален буџет, НАСА разгледува и можност за продолжување на мисиите од шест на осум месеци како и намалување на екипажот од четири на три членови по лет.