Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица малолетници од Струмица пријавени поради насилство објавено на „ТикТок“

/

пред 346 дена

Сподели преку :

Полицијата во Струмица го расчисти случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон друг малолетник, а потоа снимката ја објавиле на социјалната мрежа „ТикТок“.

Настанот бил пријавен на 6 ноември од 42-годишен жител на струмичко, кој информирал дека инцидентот се случил пред околу една недела.

По пријавата, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на случајот и ги повикале вклучените малолетници на службени разговори во присуство на нивните родители.

За настанот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи.

Откако ќе биде целосно документиран случајот, ќе се поднесе соодветен поднесок согласно Законот за правда за децата, информира МВР.