Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чибишев: Седум пациенти се на клиника за токсикологија поради вдишување на голема количина отровни гасови

/

пред 580 дена

Сподели преку :

Досега на клиниката за Токсикологија биле примени 20 пациенти, од кои 13 пациенти поради потреба од вентилација биле префрлени на другите клиники.

„Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација, беа префрлени на други клиники“, информира директорот на клиниката Андон Чибишев.

Сите пациенти се во добра општа состојба се стабилни, а на клиниката за токсикологија сега се 7 пациенти кои имаат вдишано голема количина на отровни гасови во дискотеката.

„Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои воглавно имаат инхалирано голема количина на отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат механички повреди туку се со инхалаторни повреди, односно повреди заради вдишување на отровни гасови“, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев додаде дека пациентите ќе бидат задржани и ќе бидат направени дополнителни анализи.