Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Членовите на Судскиот совет ги доставиле до Собранието одговорите на итрепелациите

/

пред 608 дена

Сподели преку :

Министерството за правда го пишува предлогот за разрешување на Коцевски, но за сега нема потврда дали ќе биде готов до следната владина седница во вторник. Министерот за внатрешни без коментар околу причините за смена на државниот обвинител.

Јасен е ставот на Владата во однос на тоа прашање. Не би сакал овој настан да го обременам со тема којашто не е круцијална за истиот. Новиот државен Јавен обвинител треба да биде обвинител што ќе даде поголем придонес во рамки на легитимитетот за борба против организиран криминал и висока корупција кај граѓаните, рече тошковски.

Владата во вторникот го задолжи Министерството за правда да го подготви предлогот за разрешување на Коцевски. Правниот основ по кој ќе бараат разрешување е дека направил крупна професионална грашка.

Предлогот ќе оди на мислење во Советот, но владини претставници веке се изјаснија дека и со негативно мислење сепак процедурата ќе продолжи.

Паралено со процесот за разршеување на  државниот обвинител тече процедурата и за интерпелацијата на петте члена на Судскиот совет избрани од Собранието.

Денеска, на последниот ден од истекот на 10 дневниот рок, членовите на Судски ги испратиле во Собранието одговорите на интерпелацијата, дознава Телма.

Според нашите информации дел од членовите во писмениот одговор се осврнале на тоа дека интерпелацијата ја загрозува независноста на судската власт, но и дека ќе стане опасен преседан кој утре може да доведе до тоа Собранието да повикува на одговорност и уставни судии, само затоа што ги избира.

Во член 72 од Уставот стои дека Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, но според членови на Судски оваа одредба не треба да се толкува дека важи и за функционери од судската власт.

Во дел од одговорите до Собранието било посочено и тоа дека одговорноста не може да се бара колективно, туку секој индивидуално треба да одговара за својата работа.

На интерпеалциите доставени потпишани од над 61 пратеник, стои дека се поднесуваат поради недоследно спроведување на надлежностите, заради негрижа односно нарушување на угледот на судиите, нарушување на довербата на граѓаните кон судството.

Според собранискиот деловник следно одговорите на интерпелацииите се доставуваат до пратениците и по 10 дена интерпалцијата се става на дневен ред на првата наредна седница.

Интерпелацијата не значи и разрешување, а власта се надева дека откако ќе помине членовите ќе си поднесат оставки.

Елена Ивановска Мукоска