Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цвеклото, лутеницата, чаевите и бебешката храна со 5 отсто ДДВ – владата направи корекција на листата на производи со повластена стапка

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Во соработка меѓу министерството за економија и министерството за финансии, на денешната седница на владата се измени одлуката за повластена стапка на ДДВ.

Сите основни прехранбени производи кои беа вклучени во листата на „гарантирана цена“, остануваат со 5 отсто ДДВ.

Дополнително, на листата на производи од 10 отсто на 5 отсто ДДВ се вклучени лутеницата, чаевите, бебешката храна и цвеклото.

До крајот на неделата се очекува покачување на цената на цигарите. Иако премиерот најавуваше дека инфлацијата ќе се намали, од синдикатот имаат поинакви очекувања.