Цената на какаото е повеќе од удвоена во последните две години поради лоши временски услови и болести што ги зафатија насадите во Западна Африка, регион кој обезбедува над 70% од глобалното производство. Иако цената на какаото во моментов изнесува 7.380 долари по метрички тон, далеку под врвот од декември кога достигна речиси 12.000 долари, таа сè уште е за 121% повисока отколку пред две години.
Пазарот останува нестабилен. Цените нагло пораснаа во јуни поради стравувања за производството во Брегот на Слоновата Коска, но подоцна малку се стабилизираа поради позитивни прогнози за жетвата во Гана и Латинска Америка. Сепак, повторно забележаа раст по силни дождови кои може дополнително да ја влошат состојбата со болести кај насадите. Сето тоа се одразува и на цените во малопродажба.
Просечната цена на чоколадото во САД порасна од 2,43 долари во јуни во 2021 година на 3,45 долари сега што е скок од 41%. Дополнителен ризик се и можните царини. Американскиот претседател Доналд Трамп во април најави 21% царина на производи од Брегот на Слоновата Коска, но моментално е ставена во мирување. Националната асоцијација на производители на слатки бара какаото да биде изземено од царините, истакнувајќи дека САД увезуваат близу 4,4 милијарди долари вредност во чоколадо и слатки годишно.











