Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цената на нафтата повторно достигна 100 долари

/

пред 208 дена

Сподели преку :

Цената на нафтата повторно се искачи на околу 100 долари за барел, откако беа пријавени нови напади врз странски бродови во Ормускиот Теснец и поширокиот регион на Персискиот Залив.

Според податоците на Британскиот центар за поморски трговски операции, најмалку 13 бродови биле нападнати во периодот меѓу 28 февруари и 11 март.

Во текот на ноќта уште два брода биле погодени во близина на ирачкото пристаниште Ум Каср кај градот Басра, при што едно лице загинало, а 38 биле повредени.

Напнатоста во регионот дополнително расте поради заканите од Иран дека ќе продолжи со напади врз танкери што минуваат низ Ормускиот Теснец – клучна поморска рута низ која се транспортира околу една петтина од светската нафта.

Меѓувреме, Меѓународна агенција за енергија соопшти дека заедно со повеќе држави, меѓу кои САД и Британија, ќе ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви со цел да се стабилизира пазарот. Паралелно, безбедносната состојба на Блискиот Исток ескалира.

Израелски одбранбени сили соопштија дека извеле серија воздушни напади врз објекти поврзани со Хезболах во Бејрут.

Во исто време, Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала 18 беспилотни летала, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „сè уште не ги завршиле“ операциите поврзани со конфликтот со Иран.