Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 „Цилиндар“ и „Џокер“ креирале алиби за следење на Мицкоски во опозиција?!

/

пред 666 дена

Сподели преку :

„Цилиндар“ и „Џокер“ се кодните имиња на измислените лица кои, според премиерот, се креирани од разузнавачките служби, во пресрет на изборите во 2020 година, кога беше во опозиција, со цел да создадат алиби за негово следење.

Деталите ги објави самиот, во одговор на пратеничко прашање, каде презентираше и документ дека се следени и речиси сите сегашни функционери од неговата партија, но и целото негово семејство.

Мицкоски бил следен како „финансиер и основач на параполициска  воена формација“.

Мицкоски најави одговорност за сите што учествувале во следењето, за што вели и дека постојат докази.

Во продолжение на последната седница за пратенички прашања за годинава, пратеникот Горан Мисовски  обвини дека оставаат впечаток дека ДУИ ѝ се дежурен виновник на владата, со држење на граѓаните во тензија оти само што не почнала војна, но всушност се подготвува нешто друго.

Мицкоски обвинувањата ги нарече шпекулации и полувистини.

Мисовски го праша и вицепремиерот Муртезани, дали „Вреди„ ќе излезат од владата затоа што годинава не беа направени уставните измени, а нивните функционери го најавуваа тоа?

Блерим Беџети од ДУИ, пак, го интересираше кога министерот Минчев ќе го достави Законот за правична застапеност?.

Беџети на ова повторно упати закани.

Ова е и последна седница за пратенички прашања за годинава, на која се опфатени сите клучни проблеми за кои расправаа пратениците откако се смени власта.

Далиборка Демјанска Цветановска