Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвен аларм за екстремна топлина во В. Британија – затворени училишта редуциран возни линии

/

пред 102 дена

Сподели преку :

Во Обединетото Кралство е на сила црвено предупредување за екстремна топлина, откако метеоролозите најавија дека температурите во следните денови би можеле да достигнат или да се доближат до 40 степени Целзиусови.

Највисоки вредности се очекуваат во Лондон и југоисточна Англија. Британските власти предупредуваат дека жештината може да има сериозни последици по здравјето на населението, како и врз инфраструктурата, енергетскиот систем и водоснабдувањето.

Агенцијата за безбедност на здравјето издаде црвени и жолти предупредувања за поголем дел од земјата.

Поради екстремните услови, стотици училишта се затворени или работат со скратено време, а дел од железничките линии се суспендирани или намалени.

Дел од операторите ги повикаа граѓаните да избегнуваат патување поради ризик од дефекти на инфраструктурата.