Црвениот крст информира дека вкупно 58 семејства на починати лица, вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош, како и 99 семејства на повредените кои се хоспитализирани во болниците надвор од државава, досега се опфатени со исплатата на собраните средства за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.
За секое лице се исплатени по 150.000,00 денари. За две семејства на починатите лица и 16 семејства на повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.











