Црвениот крст во моментов дава психолошка поддршка на населението од Кочани, со акцент на луѓето кои трпеа последици од катастрофата што се случи во дискотеката „Пулс“, кажа денеска генералниот секретар на Црвен Крст на Македонија, Саит Саити.
Тој посочи дека наскоро ќе биде промовран и регионалниот центар за психолошка прва помош кој е дел од националниот центар.
Саити истакна дека во ревизорскиот извештај може да се види дека досега се собрани околу 159 милиони денари од донации на граѓани од кои 149 веќе се трансферирани кај корисниците, а на сметка има уште 10-тина милиони кои како што најави Саити ќе бидат наменети за неколку лица кои не биле дел од првичната исплата.











