Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Нивото на Вардар е намалено, нема опасност од излевање, штети од невремето на повеќе локации

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Нивото на Вардар е намалено и во моментов нема опасност од излевање, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во тетовскиот регион, патот меѓу селата Тумчевиште и Чегране останува затворен.

Во кичевскиот регион се очекува стабилизација. Евакуирани се 250 луѓе од 63 семејства на кои им се обезбедени храна, вода и медицинска грижа, а екипите продолжуваат со расчистување на коритата, канализациската мрежа и испумпување на водата од поплавените објекти.

Вчера силен ветер ја откорна лимената покривна конструкција на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Во скопскиот регион, силниот ветер синоќа откорна повеќе дрва и искина кабли на шест локации и оштети паркирани автомобили.