Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: пет пожари се се уште активни, четири се под контрола

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие во државата се евидентирани вкупно 27 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи, од кои пет пожари се се уште активни, 4 се под контрола, а 18 се изгаснати.

Разновидна шума, грмушки и трева гора во Општина Василево, Радовиш и Берово, во прилепско, потоа Желино, околината на Штип и Македонски Брод.

Пожари кои се ставени под контрола се следните:

  1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
  2. Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
  3. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
  4. Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума).

Изгаснати пожари:

  1. Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација);
  2. Општина Прилеп 2 – нас. Тризла (ниска вегетација);
  3. Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума);
  4. Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација);
  5. Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација и стрниште);
  6. Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација);
  7. Општина Куманово 1 – нас. Средорек (ѓубре);
  8. Општина Куманово 2 – нас. Карпош, ул. 154 (ниска вегетација);
  9. Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (ниска вегетација);
  10. Општина Охрид 1 – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација);
  11. Општина Охрид 2 – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација);
  12. Општина Петровец – с. Огњанци (ѓубриште);
  13. Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште);
  14. Општина Илинден – с. Бучинци (ниска вегетација);
  15. Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и стрниште);
  16. Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација);
  17. Општина Велес – с. Клуковец (ниска вегетација);
  18. Општина Кавадарци – с. Дреново (ниска вегетација).