Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цвета Ристовска избрана за нов заменик претседател на ДКСК

/

пред 429 дена

Сподели преку :

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)  на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Таа ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци. Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци.

Комисијата е без претседател откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат, затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.

Собранието на 1 август годинава донесе Одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател. На јавниот оглас, кој завршува денеска, досега се пристигнати десетина кандидатури, но постапката ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори.