Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Да не трошиме време и пари“, одговорија од владата по барањето на Филипче да се распише референдум за ЕУ

/

пред 130 дена

Сподели преку :

„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело“, порачаа од владата како одговор на барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за организирање на референдум за членство во Европската Унија.

„Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. А, како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019-та година. Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет“, одговорија од владата.