Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Да, рокот за Украина е четврток – Трамп за мировниот план за крај на војната со Русија

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација поставила рок на Украина до наредниот четврток да се сложи со планот на Белата куќа од 28 точки за завршување на војната со Русија, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Имав многу рокови, но ако работите одат добро, подготвени сте да ги продолжите роковите. Но, четрток е рок“, рече Трамп во радиско интервју за „Фокс њуз“.

Планот на администрацијата во Вашингтон, во кој увид имаше „Си-Ен-Ен“, предвидува територијални отстапки на Киев на Русија, како и американско дефакто признавање на Крим и останатите украински региони кои насилно го зазеде Москва. Од Украина, исто така, се бара да ја ограничи величината на сопствената војска.

Запрашан дали планира да ги повлече санкциите што неговата администрација ги воведе за Русија, Трамп одговори:

„Не правамништо со повлекување на санкциите“, порача Трамп и додаде дека рускиот претседател Владимир Путин не бара нова војна и оти трпи казна.

(Видео) Се наоѓаме под силен притисок од САД, направени сме од челик, но и најсилниот метал може да попушти – драматично обраќање на Зеленски

Кој добива, а кој губи – 28-те точки од мировниот план на Трамп за крај на војната во Украина