Што остана во воздухот, почвата и водата по огнената катастрофа во депонијата во Трубарево?.. Гореше опасен отпад, литиумски батерии, хемикалии.
Сега, кога чадот се расчисти, на површина излегоа безброј прашања. Што дишат скопјани, колку е сериозно загадувањето, колку време ќе биде потребно за да се санира и што треба итно да се преземе. Ова е прашање на здравје, безбедност и одговорност велат познавачите.











