Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали по Велигден ќе се кројат нови мерки за цените на храната?

/

пред 174 дена

Сподели преку :

По завршувањето на Велигден, Владата денеска се очекува на седница да донесе нов пакет мерки за справување со растот на цените на храната.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека мерките ќе бидат таргетирани и комбинирани, насочени кон одредени категории граѓани и основни прехранбени производи.

Според Државен завод за статистика, инфлацијата во март достигна 4,9 проценти, при што најголем пораст е забележан кај храната и пијалоците.

Владините планови вклучуваат намалување на ДДВ за одредени производи и ограничување на профитните маржи, со цел да се ублажи ударот врз животниот стандард.

Мицкоски посочи дека институциите се внимателни поради неизвесноста од кризата на Блискиот Исток, која влијае врз цените на енергенсите. Меѓувреме, се очекува и Регулаторна комисија за енергетика да објави нова одлука за цените на горивата, како дел од пошироките економски мерки.