Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дамева: Работиме интензивно на случајот за Рамадани

/

пред 797 дена

Сподели преку :

Како избегал поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, кој му помогнал, кој го возел, како ја минал границата кон Косово? – Одговор на овие прашања треба да дадат истражните органи.

Од мвр велат дека работат на обезбедување материјални докази кои треба да го расветлат овој случај и тие се доставуваат до надлежниот јавен обвинител, а од обвинителството велат ги испитуваат сите аспекти на бегството.

Дали судијата Пајазити  што му го смени притворот во куќен направил пропусти утврдува судскиот совет. Тричлената комисија веќе го чита предметот за Рамадани. Кога нивниот извештај ќе се најде на седница на Судски, претседателката Дамева уверува дека итно ќе се постапува.

Дамева минатата неделеа се сретна со премиерот и министерот за правда. Дали размениле аргументи за распуштањето на советот и какви предлози за негово реформирање дала,  Дамева вели за тоа не се диксутирало.

Таа потсети дека претстанвици на судски претходно дале предлози во  рамки на работната група што го подготуваше законот кој е во финална фаза.

Доколку новата власт иницира подготовка на нов закон, повторно ќе учествуваат. По средбата Мицкоски повтори дека распуштањето на двата совети и понатаму е опција доколку не добијат подобри предлози.

Елена Ивановска Мукоска