Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не му верува на судот во судските одлуки, откако јавноста дозна дека Никола Наумоски, поранешен шеф на кабинетот на Петре Шилегов, го добил судскиот спор за клевета против неа.
Арсовска тврди дека пресудата не е формално донесена и дека Наумоски брза да ја коментира.
За тоа дали е клевета изнесеното, ќе се почека официјалната пресуда“, велат од ГрадСскопје, додавајќи притоа дека македонските граѓани имаат малку доверба во судството.
Наумоски ја тужеше Арсовска поради обвиненијата дека трошел пари од буџетот на градот за ручеци во кафани.
Тој објави дека судот донел одлука, напоменувајќи дека Арсовска не поднела никакви докази за своите наводи, и дека ќе побара отштета од градоначалничката.
Во 2021 година, Арсовска го обвини Наумоски за трошоци од илјадници евра на сметка на градскиот буџет, изјавувајќи дека сите ќе одговараат за трошење јавни средства.











