Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данокот на добивка за малите компании може да им стави клуч

/

пред 1394 дена

Сподели преку :

Владата ја укинува одлуката со која малите фирми кои имаат приход до 3 милиони денари се ослободени од плаќање на данок на добивка. Станува збор за околу 50 илјади бизниски кои отсега, влегуваат во групата на компании кои имаат годишна добивка до 6 милиони денари или речиси 100 илјади евра  и ќе мора да изберат дали сакаат да платат 10 отсто данок на остварената добивка или 1 отсто данок на вкупниот приход.

Сојузот на Стопански комори на Македонија со реакција на Владината одлука закоја сметаат дека дополнително ќе ги оптовари малите фирми и не е во насока на правично оданочување.

Концептот на правично оданочување значи дека во даночниот систем треба да бидат опфатени нерегистрираните субјекти кои сега работат во сивата зона и не плаќаат никакви давачки, со што ќе престанат да бидат нелојална конкуренција на микро и малите деловни субјекти кои пак се значајна алка во економскиот еко систем, велат од сск.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се децидно против предложени измени. Според Анастасија Илиеска, поранешен директор на УЈП, во период економска криза кога има се помал број на нови фирми а се поголем број на затворени нема потреба од дополнителни давачки.

Заначетчиите засега не се опфатени со оваа измени и даночната реформа а  доколку малите компании влезат во регистерот на заначетии и понатаму ќе бидат ослободени од плаќањето на данок на приход

Проекциите на министерството за финансии, кое е предлагач на измените, е дека со овие измени ќе собере дполнителни 872 милиони денари врз основ на данокот на добивка кои ќе ги платат токму овие фирми со приходи до 3 милиони денари годишно.

Огнен Чанчаревиќ