Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дефект на владиниот авион – Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.

-„о врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција“, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова го информирале Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека таа не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз.