Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември – Владата смета дека треба нов

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска Давкова требаше да лета за Париз на отвoрањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се расипал на 3 декември. Со него патувал претседателот на Собранието, Африм Гаши во Стокхолм, Шведска. За време на подготовката на авионот за лет кон Скопје и редовните активности и проверки на аеродромот во Стокхолм утврдена е неисправност на едниот од двата инструменти кои покажуваат температура на издувните гасови од моторите, објави порталот „Сакам да кажам“, пренесува МИА.

„Според прописите на производителот, неисправноста на еден таков инструмент не дозволува летачка операција ниту стартување на моторите се до негова замена. Нов инструмент стигна на 4 декември и веднаш по неговата замена и проверка, авионот е вратен во Скопје. Се прават додатни анализи и испитувања за со сигурност да можеме воздухопловот да го пуштиме во погон. Секогаш кога воздухопловот бил во погон бил целосно исправен и безбеден“, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Томовски во изјавата за „Сакам да кажам“ наведува оти смета дека како држава треба да набавиме нов владин авион.

„Од 2017 досега сме потрошиле околу 3,5 милиони евра за поправки. Сметам дека треба да се купи нов авион и за тоа сум спремен да дискутираме во Собранието и да има консензус од сите политички партии. Сум разговарал со поранешните директори на Службата и сите сметаат дека ваква набавка е неопходна. Авионот покрај тоа што е стар, е и мал. Има место само за шест патници, што значи дека често не ја собира ни цела делегација, па придружбата на високите државници мора да оди со комерцијални летови, што е ем неефикасно, ем често пати и поскапо. Нам ни треба бизнис авион кој има најмалку 15 седишта“, вели Томовски.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како што соопшти синоќа нејзиниот Кабинет, не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион.