Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деканот Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од „Независни заедно“

/

пред 411 дена

Сподели преку :

Во трка за градоначалник за Град Скопје влегува и Горан Марковски, актуелниот декан на Градежниот факултет.

Граѓанската платформа „Независни заедно“ преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“  ја обзнани кандидатурата, а воедно и за утре најави прес-конференција каде ќе се обрати независниот кандидат за градоначалник на Скопје, проф. д-р Горан Марковски.

„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човеко“ објавија „Независни заедно“.

Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанската платформа Независни заедно, составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.