Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демократите со јавен повик до Бајден да се откаже од претседателската трка

/

пред 820 дена

Сподели преку :

Триесет и тројца демократи во американскиот Конгрес јавно го повикаа претседателот Џо Бајден да се откаже од трката за Белата куќа поради лошиот настап на 81-годишниот политичар во дебатата во кампањата против републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Тие претставуваат повеќе од една десетина од демократите во Конгресот, каде што партијата на Бајден контролира 213 места во Претставничкиот дом и 51 во Сенатот.

Севкупно, станува збор за тројца сенатори – Мартин Хајнрих од Ново Мексико, Џон Тестер од Монтана и Питер Велш од Вермонт и 30 членови на Претставничкиот дом, меѓу нив и влијателниот конгресмен од Калифорнија Адам Шиф.

Групата демократи кои себеси се нарекуваат „Предај ја палката“ соопштија дека ќе прикажуваат реклами на една од омилените телевизиски емисии на Џо Бајден, „Morning Joe“ на MSNBC, која ќе го повика претседателот да се откаже од трката.

Поделбата во Демократската партија е остро контрастна со единството прикажано на Републиканската национална конвенција во Милвоки, каде што поранешните соперници на Трамп се собраа околу фигурата на милијардерот, кој формално ја прифати номинацијата на партијата за претседателските избори на 5 ноември.