Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демонстрантите во Шангај побараа оставка од Си Џинпинг и Комунистичката партија

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Незадоволството во Кина против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години продолжува да расте. Нов протест избувна денеска во Шангај откако беше објавена одлука за карантин како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Стотици демонстранти во Шангај побараа од претседателот Си Џинпинг да си поднесе оставка и ја осудија  Комунистичка партија.

На повеќе видеа на објавени на социјалнтие мрежи се гледаат луѓе кои се собираат во центарот на Шангај за да им оддадат почит на десет лица загинати во вчерашниот пожар во Урумчи во западниот регион Синџијанг. Во бројни извештаи на социјалните мрежи во Кина, се укажува дека настаните биле влошени од мерките против Ковид бидејќи тие го забавиле пристигнувањето на помошта.

Според други објави на социјалните мрежи, бдеење во спомен на загинатите во Урумчи биле организирани на неколку универзитети во државата. Полицијата привела од непознати причини најмалку две лица, додаде сведокот за Франс прес, пренесе Бета.

Властите ја ограничија онлајн дискусијата за демонстрациите.