Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска и утре пеколни температури, викендот освежување за пет до седум степени

/

пред 480 дена

Сподели преку :

Топлото време и високите температури ќе се задржат и утре. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.

Во делови на Скопската котлина утре попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.