Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска истекува тендерот за набавка на нафта за ЈСП

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Денеска е последниот рок од тендерот за набавка на гориво по скратена постапка и со директно преговарање од страна на ЈСП.

Засега нема информации дали некој се пријавил.. На претходниот тендер според информациите на Телма имало пријавено само еден понудувач но поради некомплетна документација понудата била одбиена.

Тендерот за набавка на нафта првично заглави во Бирото за јавни набавки, а од Град Скопје реагираа дека ова е прв тендер поништен на ваков начин и оти власта се обидува преку бирото да прави опструкции на работата на Јавното сообраќајно претпријатие.

Финансиската полиција пак, истражува два тендера за набавка на гориво, а автобусите ги трошат последните залихи на гориво добиени со интервенција на Владата од стоковите резерви.

Последните информации се дека нафта во моментов има. Директорот Драги Кушовски рече и дека сметката на претпријатието е блокирана поради долг кон фирмата добавувач на нафта.

Вицепремиерот Меџити претходно рече дека Владата ќе го помогне претпријатието се додека не се изнајде решение на проблемот.

Симона Петровска