Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска ќе потпишат договори и на работа – 352 кандидати завршија дводневна обука за пожарникари

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и територијалните противпожарни единици на Град Скопје, каде се одвиваше обуката. Овие лица е најавено дека денеска ќе потпишат договори за работно ангажирање во рамки на владината мерка од оперативниот план за 2025 година, јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување).

Како што информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, вкупно 499 кандидати се пријавиле на јавниот повик на Владата, а од нив на обука се појавиле 364 кандидати.

„По завршената дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување како и територијалните противпожарни единици на градот каде што се одвиваше обуката, понатаму ќе продолжат 352 лица кои ќе потпишат договор за работно ангажирање за јавни работи со Агенцијата за вработување, каде како партнер се јавуваат и Дирекцијата за заштита и спасување и соодветната општина, која е дел од оваа владина мерка. Благодарност до Црвениот крст кој активно се вклучи во обуката на кандидатите во сите градови“, изјави Ангелов.