Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска пресуда за сообраќајката на „Партизанска“ во која загина Фросина Кулакова

/

пред 519 дена

Сподели преку :

Пресуда за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, според најавите, денеска ќе биде објавена во Основниот Кривичен суд во Скопје, откако на претходното рочиште, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови побара највисока казна.

Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Во обвинението стои дека кобната вечер со своето возило управувал со брзина која не е дозволена, под дејство на алкохол, а Фросина ја прегазил на пешачки премин, прелетувајќи на црвено светло. Изрази сочувство и извинување до фамилијата кое го повтори и во завршниот збор со наведната глава.

Рече дека имал грижа на совест и дека носи голем товар со тоа што го сторил како и дека чувствува каење. Таткото и мајката на Фросина претходно побараа максимална казна која е 20 години затвор. Низ солзи порачаа дека ова не е судење за сообраќајка, туку за убиство.