Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска се очекува деблокада на „Евзони“ – грчките земјоделци ги повлекуваат тракторите по средбата со премиерот Мицотакис

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Грчките земјоделци се очекува во текот на денешниот ден да ги повлечат тракторите од „Евзони“ и по 53 дена да го деблокираат граничниот премин кон Македонија, пренесува МИА.

Тие во понеделникот имаа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по што одржаа и одржаа состаноци меѓу блоковите на кои беше разгледан исходот од разговорите и одлучија постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини.

До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците.

Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа нивните трактори на грчката страна од граничниот премин „Евзони“ и подолг период, на неколку часа го блокираа сообраќајот на сите возила за влез и излез од земјата кон Македонија, но и граничните премини кон Бугарија и кон Турција.