Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска се очекуваат детали од извештајот на инспекторите кои го чешлаа работењето на маркетите

/

пред 614 дена

Сподели преку :

За денеска најавени се детали од инспекциските контроли кои беа спроведени во големите трговски синџири во земјава.

Граѓаните очекуваат да открие детали за тоа колку се злоупотребувале маржите на храната.

Владата наложи да се чешла дали цените во малопродажба се оправдани или намерно напумпани со цел богатење на грбот на граѓаните.

Надлежните излегоа на терен да извршат проверки по револтот на граѓаните кој се преточи и во бојкот кој се спроведе во петокот и кој ги остави речиси празни касите на маркетите, а беше намалено и пазарењето во помалите продавници и на пазарите.

Според податоците на Управата за јавни приходи, осумте најголеми трговски синџири забележале пад на прометот за 46,59 % во споредба со минатиот петок, а за 46,29 % во однос на четвртокот.

Проценките се дека над 100 илјади купувачи учествувале во бојкотот бидејќи УЈП преброја над 170 илјади помалку фискални сметки.