Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет тони опасен токсичен отпад со години стоел во просториите на Институтот за јавно здравје

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Десет тона опасен хемиски отпад меѓу кои тешки метали, пестициди и растворувачи, повеќе од една деценија стоеле во просториите на Институтот за јавно здравје. Станува збор за отпад од лабораториите на Клинички, односно од материјалите кои се користеле за испитувања и хемиски анализи.

„Опасниот отпад содржи штетни и токсични хемикалии како растворувачи, киселини, бази, тешки метали, пестициди и други опасни материи. Тие може да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето како труење, иритации на кожа, проблеми со дишење, оштетување на органи, дури и долгорочни заболувања“,вели Марија Андоновска, Институт за јавно здравје.

Андоновска не кажа кога е откриен отпадот, но вели веднаш откако бил откриен контактирале со Министерството за здравство и за животна средина. Отпадот е отстранет според соодветни протоколи. Компанијата која чистела вели дека е спречена опасна хаварија.

„Присуството на растворувачи е најголемо во смесата. Поради тоа опасноста од запалување и самозапалување е најголеми. Само неколку проценти од отпадот се лабораториски хемикалии. Опкружувањето овде е многу сложено. Има дури и домови и здравствени институции затоа отстранувањето на овој отпад е клучно за здравјето на сите“, вели Трајче Србиновски, инженер за опасен отпад во екоцентар 97.

По овој случај и неколку други институции побарале да се направи увид и да се изврши чистење на хемикалиите. Дали ќе има одговорност за отпадот кој со години бил чуван во здравствена просторија ќе одлучува Инспекторатот за животна средина.

Тамара Марковска