Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет загинати, 15 ранети во напад со нож во Канада- полицијата трага по напаѓачите

/

пред 1508 дена

Сподели преку :

Најмалку десет лица загинаа, а 15 се ранети во напади со нож на две места во канадската провинција Саскачеван, соопшти денеска полицијата и во блискиот град Велдон. Досега во болница биле примени 15 ранети.

Полицијата ги идентификувала двајцата напаѓачи и потрагата по нив е во тек. Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор.

Бројот на жртвите би можел да е поголем оттаму што не се знае состојбата на повредените кои биле префрлени во различни медицински установи.

Ронда Блекмор, командант на Кралската коњичка полиција за областа Саскачеван, рече дека властите не знаат дали осомничените ги смениле возилото, како и оти не е познато каде се упатиле по нападите.

„Ужасно е тоа што денеска се случи во нашата провинција“, изјави Блекмор.

Според неа, истрагата се уште е во почетна фаза, дека полицијата се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени и дали и биле познати на полицијата. Таа засега се воздржа од претпоставки за мотивите за нападот.

Нападите биле извршени на повеќе локации, а полицијата истражува 13 места каде се пронајдени мртви или повредени лица.

Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор.

Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер рече дека неговите мисли се со оние кои ги загубиле своите најблиски.